Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аргентина забрани „Памперс“ и „Тајд“?

Аргентина забрани „Памперс“ и „Тајд“?
Аргентинските власти воведоа привремена забрана за увозот на производите на мултинационалната компанија „Проктер енд Гембл“ во оваа земја, обвинувајќи ја компанијата за даночно затајување и испумпување пари од земјата. Компанијата која стои зад десетина најсилни брендови во светот, меѓу кои се и пелените „Памперс“, батериите „Дурасел“ и прашокот за перење „Тајд“ е обвинета дека од Аргентина незаконски однела 138 милиони долари, ги прикрила реалните износи на профитот и избегнала да ги плати даночните обврски. „Мора да им застанеме на пат на тие трикови што ги користат меѓународните компании“, соопшти аргентинското Претседателство. Компанијата „Проктер енд Гембл“, кој во Аргентина работи од 1991 година, соопшти дека работи на тоа да ги „разбере и да одговори на обвинувањата“. Оваа компанија во Аргентина има три фабрики и два дистрибутивни центри.  
Слично

Поврзани вести