Аргентина падна во немилост на Меѓународниот монетарен фонд!
Извршниот совет на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) можно е да воведе санкции кон Аргентина и оваа држава да биде исклучена од финансиската организација.
За првпат ММФ усвои казнена декларација против латиноамериканската држава. Аргентина е повикана неодложно да ги корегира неправилностите во статистичките податоци за економскиот раст и инфлацијата, а во документот се истакнува дека земјата го пресметува растот на инфлацијата и својот БДП на неточен начин.
Аргентина има краен рок до 29 септември да ги поправи погрешните податоци, а ММФ на 13 ноември ќе разгледа како се справила земјата со овој проблем.Аргентина банкротираше во 2001 година. Во втората половина на 2005 година земјата успеа да го исплати целосниот долг кон Фондот. Оттогаш таа не дозволува проверки на инспектори на ММФ. Земјата е обвинувана дека претставува намалени податоци за нејзината инфлација.
