Арестович: Украина може да произведе нуклеарно оружје во рок од шест до девет месеци
Eкс советникот на началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олексеј Арестович, изјави дека Украина може да произведе нуклеарно оружје во рок од шест до девет месеци.
„Арестович додаде дека тоа сепак би значело кршење на меѓународните договори до кои Киев треба да се придржува“, пренесува „РИА новости“.
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон претходно рече дека жали поради својата улога во убедувањето на Украина да се откаже од нуклеарното оружје.
„Се чувствувам лично одговорен бидејќи ги натерав да се согласат да се откажат од своето нуклеарно оружје. И никој од нив не верува дека Русија би го извела овој трик доколку Украина и понатаму го имаше своето оружје“, рече тој.
Клинтон неодамна во интервју за ирскиот „RTÉ news“ изјави дека жали затоа што во 1994 година ги уверил украинските власти дека треба да се откажат од нуклеарното оружје.
Вели дека чувствува лична одговорност и се кае.
„Ако Киев имаше нуклеарно оружје, Русија немаше да ја нападне Украина“, рече Клинтон.
