Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арестович: Целата армија знае дека војниците од јужниот фронт се префрлени во Авдиивка

Арестович: Целата армија знае дека војниците од јужниот фронт се префрлени во Авдиивка

Екс советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олексеј Арестович, предупреди дека силите на Киев нема да можат да го задржат градот Авдиивка,  во областа Доњецк каде што се водат жестоки борби. До јануари оваа година,  Арестович беше советник за комуникации на украинскиот претседател.

Тој поднесе оставка откако доби критики за изјавата дека рускиот проектил што погоди зграда во градот Днипро на 14 јануари го собориле украинските сили за воздушна одбрана. Откако украинските пратеници побараа негово отстранување, Арестович се извини за неговите изјави, но оттогаш ја критикуваше контраофанзивата која почна во јуни.

Овој месец Русија започна голема офанзива на Авдиiвка, која е на линијата на фронтот во источна Украина и се смета за порта кон градот Доњецк. Инаку, Доњецк е под руска окупација од 2014 година. Борбите околу Авдивка се интензивираа во последните денови, а британското воено разузнавање објави дека Русите трпат големи загуби.

„Мојата прогноза е тажна. Сигурен сум дека постои голема веројатност да ја загубиме Авдиивка. Ситуацијата е трагична. Целата армија знае дека војниците од јужниот фронт се префрлени во Авдиивка“, изјави Арестович.

Институтот за проучување на војната, тинк-тенк со седиште во САД, цитираше воен блогер поврзан со Кремљ кој вели дека тешкотиите може да придонесат за „позиционен ќор-сокак“ на руските офанзивни операции. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести