Арчелор-Митал го одложува најавеното делење откази за вработените
Најголемиот светски металуршки концерн „Арчелор-Митал“ ги одложи сите свои претходно најавени затворања на компании и отпуштања на работници до крајот на јуни. Како што соопшти Европската комисија, сите програми за реструкуирање на компанијата ќе бидат замрзнати додека ЕК не го направи планот за помош на европската индустрија за челик. Ова било договорено на состанокот на еврокомесарот за индустрија Антонио Тајани и основачот на компанијата Лакшми Митал.
„Арчелор-Митал“ е основана во 2006 година со спојување на луксембуршката и индиската компанија за челик. Во моментов групата има голем удел на светскиот пазар на челик и во нејзина сопственост се редица компании во многу земји од светот.
Слично
