Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арапска лига со предупредување: Израел да не си игра со оган

Арапска лига со предупредување: Израел да не си игра со оган

Земјите кои ја сочинуваат Арапската лига го предупредија Израел да не си игра со оган откако дојде до силни судири со муслиманското население во Ерусалим, а воведени се и посебни мерки на безбедност пред пред големите светилишта на Ридот на храмот, што го посетуваат и Евреите и муслиманите во Ерусалим. Токму на ова место пред една недела палестински напаѓачи со ножеви повредија верници, а потоа беа застрелани на лице место од израелските безбедносни сили.

„Ерусалим е црвената линија. Ниту еден Арап или муслиман нема да прифати насилство врз светилиштето“, рече шефот на Арапската лига, Ахмед Абул Геит, во соопштение пренесено од француските медиуми.

Израелската полиција поставила напредни надзорни камери на Лавовската врата, на влезот во Ридот на храмот, во Стариот град на Ерусалим, кои, наводно, можат да идентификуваат вооружени лица при обид да влезат на подрачјето на светилиштето.

Ваквиот потег може да предизвика нови судири и немири како и поширока криза на Блискиот исток. Арапската лига воопшто не го спомена претходниот терористички напад.


Слично

Поврзани вести