Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арапите го зголемуваат производството на нафта и ја намалуваат цената

Арапите го зголемуваат производството на нафта и ја намалуваат цената

Ријад планира да го зголеми своето производство на нафта до 12 милиони барели дневно и со тоа да ја урне цената на црното злато.

Саудиска Арабија би можела повторно да почне да го зголемува производството на нафта и со тоа да ја турне надолу цената на црното злато на светските пазари, пренесе Ројтерс повикувајќи се на извори запознаени со текот на преговорите на состанокот на земјите членки на ОПЕК.

„Саудијците се заканија дека ќе го зголемат своето производство до 11 милиони барели дневно, дури 12 милиони барели дневно предизвикува пад на цените на нафтата и се закануваат дека ќе го напуштат состанокот“, соопштил изворот на агенцијата.

Се претпоставува дека камен на сопкање се Ирак и Иран, од кои Саудиска Арабија бара да го намалат производството на црно злато.

Техеран и Багдад од друга страна тврдат дека ОПЕК погрешно го оценува обемот на нивно производство.

Слично

Поврзани вести