Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арагчи ги повика муслиманските земји да се спротивстават на Израел

Арагчи ги повика муслиманските земји да се спротивстават на Израел

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи денеска ги повика земјите од Блискиот Исток да ја преземат својата „историска одговорност“ во борбата против Израел, по денешните напади на САД и Израел.

Во телефонски разговори со министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Бахреин и Ирак, Арагчи предупреди дека „наметнатата војна“ од САД и Израел претставува закана не само за Иран, туку за целиот регион. Тој нагласи дека одговорност на сите муслимански народи и држави е да се спротивстават на „злото кое потекнува од Израел“, пренесува ИРНА.

„Иран ќе ги користи сите свои одбранбени капацитети за да го заштити својот суверенитет и територијален интегритет“, порача Арагчи.

Додаде дека „каква било помош за САД и Израел во извршувањето на агресијата против Иран мора да биде спречена“.

„Војната на Нетанјаху и Трамп против Иран е целосно неиспровоцирана, нелегална и нелегитимна. Трамп го претвори „Америка прва“ во „Израел прв“ – што секогаш значи „Америка последна“. Нашите моќни вооружени сили се подготвени за овој ден и ќе им ја одржат лекцијата што ја заслужуваат на агресорите“, напиша Арагчи на Икс.

Војската на САД и израелските воздушни напади погодија делови од централен Техеран и други градови ширум Иран.

Иранските власти соопштија дека силите на Револуционерната гарда ги нападнале американските воени бази во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и во други земји во регионот, како и цели во Израел.

Иран тврди дека загинале 24 ученички во нападите.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека заканувачките пораки од Техеран ги загрозуваат САД. Истото важи и за нивните сојузници. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести