Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апсењето на Игор Гиркин ќе поттикне револт кај дел од руската војска?

Апсењето на Игор Гиркин ќе поттикне револт кај дел од руската војска?

Според британското разузнавање, апсењето на национачистичкиот блогер Игор Гиркин кое се случи вчера ќе разгневи дел од руската војска. 

„Гиркин долго време го критикуваше однесувањето на руското Министерство за одбрана за време на војната. Меѓутоа, во последниве денови, неговите коментари се претворија во директна критика на рускиот претседател Владимир Путин и неговата политика за време на неговото владеење“, велат разузнавачите, пренесува ДПА.

Апсењето на Гиркин веројатно ќе предизвика гнев кај оние кои во голема мера го сметаат блогерот за остроумен воен аналитичар и патриот. 

„Тој одигра важна улога во руската војна во Донбас од 2014 година и помина со месеци на линијата на фронтот во 2022 година“, велат британските разузнавачи.

Московскиот суд нареди на 52-годишниот Гиркин да му биде одреден притвор до 18-ти септември.

Гиркин ги негира обвиненијата против него, кои се фокусирани на две објави на апликацијата Telegram, и одбива да соработува со истражителите, објави новинската агенција Интерфакс.

фото РИА Новости
Слично

Поврзани вести