АПСЕЊЕ ВО ТУНИС: Фатен роднина на Анис Амри кој ми помогнал
Во Тунис го задржаа внук на атентаторот од Берлин.
Анис Амри му пратил на момчето пари, за да појде кај него во Европа.
Министерството за внатрешни работи на Тунис соопшти дека локалната полиција го уапсила внукот на Анис Амри и уште двајца осомничени дека се дел од истата екстремистичка мрежа.
Министерството објави дека Амри, осомничениот за атентатот во Берлин, испратил на 18-годишниот внук Феди пари, за да дојде кај него во Европа.
Внукот е уапсен во родниот град на Амри, Уеслатиа, а останатите - во главниот град Тунис.
Во меѓувреме шпанскиот министер за внатрешни работи, Хуан Игнасио Соидо рече дека полицијата во неговата земја истражува дали Амри бил во врска со човек во Шпанија, кој може да е екстремист.
Денеска околу пладне на аеродром „Чампино" во Рим пристигна телото на 31-годишната Фабрициа ди Лоренцо, која загина во нападот во Берлин. Меѓу присутните, кои се собраа на аеродромот да ја искажат својата почит кон ди Лоренцо, беше и италијанскиот претседател, Серџо Матарела.
Во Берлин во понеделникот Амри со камион згази 12 луѓе од различни земји и националности, а повреди десетици.
