Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПСЕЊА ВО ШПАНИЈА: Тројца мажи и една жена планирале да прават експлозив „мајка на сатаната“

АПСЕЊА ВО ШПАНИЈА: Тројца мажи и една жена планирале да прават  експлозив „мајка на сатаната“

Шпанската полиција уапси исламисти кои спремале напад. 

Станува збор за четири лица поврзани со наводни терористички дела, откако еден од нив добил прирачник за тоа како да се направи експлозив „мајка на сатаната“, оружје кое претходно се користело во терористичките напади на ИСИС. Локалните медиуми објавија дека двајцата уапсени се шпански државјани кои неодамна го прифатиле исламот. Тројца од приведените се на дваесетина години, додека четвртиот има 31 година. Уапсени се тројца мажи и една жена. 

Истиот прирачник го поседувале и терористите кои извршија терористичкиот напад во Барселона во 2017 година, во кој загинаа 16 луѓе.

Апсењата се извршени во текот на ноќта во Мадрид, Кубелес во близина на Барселона и градот Хуетор-Тахар во близина на градот Гранада во јужна Шпанија.

Видео снимката го покажува моментот кога полицијата извршила рација на неколку имоти низ Шпанија оваа недела, при што уапсила четири лица, кои сите се внесени во полициски автомобили со покриени лица, пишува Дејли Меил.

Полицајците заплениле големи кутии со докази од домовите на осомничените, вклучително и една во која имало голем меч во стил на самурај.

Локалните извештаи говорат дека неименуваниот маж уапсен во Кубелес ги презел првите чекори за да се обиде да направи ТАТП, експлозив на база на пероксид, познат како „мајка на сатаната“. 

Европа се плаши од оживување на исламскиот тероризам. Напади имаше во Белгија и Франција, а во Италија полицијата спречи напад. 

Слично

Поврзани вести