Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПСЕЊА ВО ДАНСКА И ХОЛАНДИЈА: Неколку лица планирале терористички напад

АПСЕЊА ВО ДАНСКА И ХОЛАНДИЈА: Неколку лица планирале терористички напад

Антитерористичка акција имаше денеска во Данска и Холандија. 

Тројца се уапсени во Данска и едно лице во Холандија поради планирање терористички напад, соопштија данската полиција и разузнавање. Полицијата соопшти дека ќе ги зголеми своите сили во Копенхаген, но вели дека главниот град е „безбеден“. Целта на нападот не е позната.

„Има врски со странски земји и организиран криминал“, изјави директорот за операции на данската безбедносно-разузнавачка агенција (ПЕТ), Флеминг Дрејер.

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека акцијата „ја покажува ситуацијата во која се наоѓа Данска“.

„Веќе неколку години можеме да кажеме дека има луѓе кои живеат во Данска и не ни посакуваат добро, кои се против нашата демократија, нашата слобода и данското општество“, рече таа. 

Разузнавачките служби велат дека терористичката закана во земјата е „критична“ и го прогласија четвртото ниво на закана од вкупно пет.

Во Берлин се уапсени членови на терористичката организација Хамас. Постои страв дека за празниците се можни напади во Европа. 

Инаку, 12-годишно девојче во Франција донесе нож во училиште и му се заканувало на наставникот, по што била уапсена. Во инцидентот нема повредени. Според француските медиуми, ученичката рекла дека сака да прави „како што било во Арас“.

Слично

Поврзани вести