Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПСАТ СТОТИЦИ, ЦВЕЌЕТО И СЛИКИТЕ ОД НАВАЛНИ ЗАВРШУВААТ ВО ЦРНИ ВРЕЌИ, ДЕНЕШНИ СЦЕНИ ОД МОСКВА: Постара жена со порака: „Путин е предавник. Не се плашам“

АПСАТ СТОТИЦИ, ЦВЕЌЕТО И СЛИКИТЕ ОД НАВАЛНИ ЗАВРШУВААТ ВО ЦРНИ ВРЕЌИ, ДЕНЕШНИ СЦЕНИ ОД МОСКВА: Постара жена со порака: „Путин е предавник. Не се плашам“

Иако руското државно обвинителство ги предупреди граѓаните да не учествуваат на протестот по смртта на Навални, сепак голем број Руси му оддадоа почит на рускиот опозициски лидер.

Странските медиуми јавуваат дека руската полиција апси граѓани и новинари кои се собрале во Москва, но и во Санкт Петербург. Руската Би-Би-Си јави дека вкупно стотина луѓе се уапсени ширум Русија поради собири во чест на Навални.

Од Москва се појави видео на кое се гледа како полицијата апси демонстрант. На социјалните мрежи беше објавено дека тоа е московјанецот Максим Соколов. Според неговата девојка, најмалку осум лица биле уапсени кај каменот во Соловеково, споменик на жртвите на политичката репресија. Уапсен е и демонстрант со натпис „Убиец“.

Многумина московјани положија цвеќе на споменикот, иако полицијата во еден момент реши да го затвори плоштадот на кој се наоѓа споменикот.

И во Санкт Петербург полицијата ги растера демонстрантите кои се собраа во чест на Алексеј Навални на споменикот на жртвите на политичката репресија. Според весникот Новаја Газета, уапсени се 20 лица.

Во центарот на Москва, една постара жена е снимена како без двоумење зборува против Путин.

„Доста е со омраза и крвопролевање. Ги уби децата на Украина. Колку наши војници загинаа таму? А Украинци? Лажат, загинаа повеќе од 300.000 руски војници. Воопшто не ги жали. Колку луѓе се збогатија во војната? Тие се предавници на нашата држава. Путин е предавник, не го избрал никој, нелегално е на власт. Извини, но не се плашам, стара сум, може само да ме убијат. изјави таа пред камерите на SOTA, руски независен портал. Тоа видео беше прегледано повеќе од милион пати на Твитер.

SОТА наведува дека храбрата дама ја преживеала опсадата на Ленинград и има 82 години.

Новинарката на „Рус њуз“, Јулија Петрова, исто така беше уапсена поради известување од Москва за репресијата на демонстрантите.

Снимено е и како, под превезот на ноќта, членови на редот во цивилна облека го сквернават местото каде граѓаните му оддаваат почит на Навални. Фотографии и цвеќиња беа фрлани во црни кеси.

ФОТО: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Слично

Поврзани вести