Економија, финансии, бизнис

Контакт

Apple со 12% удел на пазарот во Кина

Apple со 12% удел на пазарот во Кина
Пазарниот удел на Apple во Кина е зголемен за четири пати само во рамките на еден месец , информира CNBC . Така од 3% во септември , компанијата веќе држи 12 отсто од пазарот на смартфони , покажуваат податоците на Counterpoint Research . Растот во октомври се должи најмногу на продажбата на новиот iPhone 5S . Со 12 -те проценти удел на пазарот Apple заостанува само од Samsung и Lenovo . Четвртата позиција во Кина на пазарот на паметни телефони го зазема од Coolpad , проследено со Huawei и ZTE . Аналитичарите се оптимисти за ново зголемување на пазарниот удел на Apple , бидејќи од денеска China Mobile започнува да прима нарачки за испораки на новиот iPhone 5S . China Mobile е последен од големите оператори во светот , кои се уште не нудат продажба на уредите на Apple . Зделката меѓу двете компании се уште не е прогласена официјално , но се очекува тоа да се случи во наредните денови . Кина е трет најголем пазар за Apple , по Европа и Америка , бидејќи оттаму доаѓаат 15 % од приходите на компанијата за периодот од јули до септември 2013 година
Слично

Поврзани вести