Економија, финансии, бизнис

Контакт

Apple се соочува со тужби по признанието за софтверското забавување на iPhone

Apple се соочува со тужби по признанието за софтверското забавување на iPhone

Apple ги измамил корисниците на Ајфон бидејќи не ги известил дека ќе ја забави работата на уредите како би го ублажиле проблемот на слабите батерии, се тврди во тужбите поднесени пред повеќе американски судови.

Маневарот можеби навел некои од сопствениците на позантиот Ајфон во изминатите години дена да преземат непотребни чекори како би го решиле проблемот, се тврди во осум тужби, поднесени пред судовите во американските сојузни држави Калифорнија, Њујорк и Илиноис.

Така некои од нив во изминативе година дена можеле да препишаат „пукање“ на апликацијата и бавна работа на уред со стар процес и се одлучиле за купување на нов телефон. Притоа вистинска причина за проблемите можеби била слаба батерија која можела да биде заменета со чувствително мал трошок, се истакнува во поедини тужби.

Целта на тужителите е да ги обединат сите предмети во заедничка тужба и со тоа потенцијално да опфатат милиони сопственици на Ајфони ширум САД.

Слична постапка неодамна е покрената и во Израел.

Од Apple не одговориле на прашањето на Ројтерс за коментар на поднесените тужби.

Минатата недела прв пат признале дека со ажурирање на оперативниот состав за iPhone 6, iPhone 6s, iPhone SE и iPhone 7 од минатата година овоможиле „подобрено“ снабдување со енергија од студени, стари и батерии со слаб капацитет.

Слично

Поврзани вести