Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аpple купи старт ап компанија поради проблемот со мапите

Аpple купи старт ап компанија поради проблемот со мапите
Компанијата Apple одлучи да ми стави крај на проблемот со мапите. Затоа Аpple ја купи Embark -  старт ап компанија за мапи и навигација основана пред само две години. Како што пренесоа светските медиуми, дел од софтверските инжинери ќе станат дел од тимот на Apple Maps. Стартап компанијата е oснована во 2011-та година и се занимава со мапирање на јавниот превоз во неколку американски градови. Цената на зделката е непозната, но изворите велат дека технологијата на Embark ќе биде веднаш имплементирана во Apple. Претходно Apple доживеа вистински дебакл при промоцијата на оперативниот систем iOs 6 кога беше тргнат сервисот на Google Maps и заменет со сопствен сервис за мапи. Новиот сервис за навигација тогаш се покажа дека има катастрофални грешки.  
Слично

Поврзани вести