Apple ќе претстави поголем дисплеј и заоблен екран
Американскиот производител на паметни телефони Apple Inc. развива нов модел iPhone со заоблен екран , како и модели со поголеми дисплеи , информираат неименувани извори , запознаени со плановите на компанијата . Со големина на дисплеите од 4.7 инчи и 5,5 инчи , двата нови модели ќе бидат најголемите iPhone - и на компанијата.
Евентуалниот нов модел на компанијата со поголем екран ќе се приближи до култниот модел на главниот конкурент - Galaxy Note 3 , со големина на екран од 5,7 инчи. Најновите уреди на Apple се уште се во фаза на развој , а очекувањата се тие да бидат претставени на пазарот во третиот квартал на следната година .
Apple ја наруши традицијата и претстави два нови модели истовремено во октомври , од кои едниот е насочен кон буџетското одделение. Растот на приходите на компанијата во традиционално силниот крај на годината може да е значително послаб во споредба со претходните години поради силната конкуренција , сметаат аналитичарите.
Слично
