Економија, финансии, бизнис

Контакт

Apple и Google си подадоа рака за патентните дела

Apple и Google си подадоа рака за патентните дела
Apple и Google објавија дека ја прекинуваат војната за интелектуална сопственост. Технолошките гиганти од Силиконската долина рекоа дека се откажуваат од судските постапки еден против друг, како и дека ќе работат заедно за да се насочат кон реформа на патентите. Договорот сепак не ги вклучува патентните битки на Apple со Samsung Electronics, кој го користи оперативниот систем на Google за мобилни уреди. "Ова може да е сигнал за нова стратегија од страна на Apple", коментира Брајан Лав, професор по право во Santa Clara University. Договорот сигурно е знак за деескалација на тензиите меѓу двете компании, кои одведоа над 20 дела една против друга во САД и Европа и се натпреваруваат жестоко на многу технолошки фронта. Повеќето од паметните телефони и таблети во светот работат под оперативниот систем iOS и Android, што објаснува зошто Apple и Google се борат да ги задржат позициите, особено на пазарите во развој. Дуелот се пренесе и на други терени - на пример мобилните мапи и навигација, онлајн музика и други производи. Компаниите платија милиони долари во форма на судски такси, но резултатите од битките не се особено импресивни, а придобивките се покажаа ништожни. K.K.
Слично

Поврзани вести