Економија, финансии, бизнис

Контакт

Apple и Google се највредните брендови во светот

Apple и Google се највредните брендови во светот

„Interbrand“ објави уште едно издание на студијата за највредните брендови на глобално ниво и резултатите покажуваат дека на првите места веќе трета година по ред се Apple, Google, Microsoft и IBM.

Apple и Google ја задржуваат лидерската позиција трета година по ред, а меѓу останaтите технолошки компании во рангирањето ќе ги најдеме Samsung (# 7), Amazon (# 10), Intel (# 14), Cisco (# 15), Oracle (# 16), HP (# 18), Facebook (# 23), eBay (# 32), PayPal (# 97) и Lenovo (# 100).

Општо земено 28 компании од првите 100 се со технолошка насоченост и на нив им отпаѓа над 1/3 од вкупната вредност на сите во листата. Најголема е за Facebook, која се искачи од 29 на 23 место, а меѓу новите имиња во рангирањето се PayPal и Lenovo. Кинеската компанија застанува на позиција 100 и е втората од источната страна, која спаѓа во студијата на Interbrand по Huawei (88 место).

Слично

Поврзани вести