Apple е шампион во затајување данок
ИТ гигантот Apple го зазема првото место меѓу американските компании по обемот на неплаќање даноци на приходи во 2015 година. Оваа сума е околу 65,08 милијарди долари, се наведува во истражувањето на U.S. PIRG Education Fund.
Авторите на извештајот посочуваат и компании како Nike и Goldman Sachs, кои префрлиле значителни суми од нивниот профит во офшор зони.
Во истражувањето се истакнува дека во 2015 година три четвртини од компаниите од листата „Fortune 500“ скриле од даночните органи околу 2,42 трилиони долари. Само од компаниите во САД неплатените даноци се проценуваат на износот од 715,62 милијарди долари.
Потсетуваме, во 2013 година Сенатот на САД започна истрага против Apple. Во извештај се тврдеше дека компанијата го скратила обемот на плаќања на даноци во целиот свет во износ од десетици милијарди долари, користејќи голем број на подружници во Ирска.
По година, ЕУ започна сопствена истрага. На крајот на август европскиот антимонополски орган донесе одлука дека Владата на Ирска незаконски доделила даночни олеснувања на Apple во вредност од 13 милијарди, евра и ја задолжи компанијата да ги врати овие средства на државата.
