Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО КАН, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЕСЕН: Поплавени улици, водата носеше автомобили!

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО КАН, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЕСЕН: Поплавени улици, водата носеше автомобили!

Обилните врнежи вчераутро го поплавија Кан, град на француската ривиера познат по филмскиот фестивал.

Големо количество на вода ги поплави улиците носејќи се со себе, вклучувајќи и возила. За среќа, никој не беше повреден, за разлика од катастрофалните поплави на југоистокот на Франција кои се случија пред девет години кога загинаа 19 лица, а десет илјади граѓани останаа без струја.

Формиран е кризен штаб

Состојбата во Кан се стабилизираше во текот на вчерашниот ден, а невремето продолжи да се движи кон исток, соопшти портпаролот на градското собрание.

Градоначалникот Дејвид Лиснард изјави за BFM TV дека ќе побара објаснување од другите власти бидејќи градот бил алармиран само еден час по почетокот на невремето. Тој потврди дека многу брзо е формиран кризен штаб и дека итните служби ја санирале штетата на терен, пренесува Ројтерс.

Поплавите предизвикаа големи проблеми низ Европа во последните недели. Најмалку 17 лица загинаа во Романија, Полска, Чешка и Австрија во најтешките поплави што ја погодија централна Европа во последните две децении.


Слично

Поврзани вести