Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПОКАЛИПТИЧЕН ПОТОП: Куќи пловат, водата носи се пред себе!Страотни видеа од Нова Каховка по пробивањето на браната

АПОКАЛИПТИЧЕН ПОТОП: Куќи пловат, водата носи се пред себе!Страотни видеа од Нова Каховка по пробивањето на браната

Нова Каховка е целосно поплавена, изјави прорускиот градоначалник на тоа место откако беше пробиена истоимената брана на реките Днепар. Драматични снимки од области целосно покриени со вода се шират низ социјалните мрежи.


Една од најдраматичните кадри е онаа на која се гледа како реката Днепар го носи покривот на куќата, а можеби и целата структура.


На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од градот на кои се гледа како се зголемува нивото на водата, а самиот центар на градот е поплавен.


Снимките од воздух ја покажуваат и драматичната ситуација во градот.

Потопена е и Палатата на културата, а во негова близина се снимале лебеди.

Браната Каховка во делот на Херсонската област што е под контрола на руските сили се урна во вторникот наутро со гранатирање за што Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат.

„Сега ги преместуваме жителите кои се директно на брегот. Градот се уште е под гранатирање. Мислам дека жителите на околу 300 куќи ќе бидат евакуирани и тие веќе се евакуираат сега, за да се избегнат жртви“, изјави за ТВ „Русија-24“ Владимир Леонтиев, шеф на проруската општинска администрација.


Според него, нивото на водата во реката Днепар во Нова Каховка е зголемено за повеќе од 10 метри поради уривањето на ХЕ Каховка и може да достигне и до 12 метри пред да почне да паѓа.

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Тимофиј Милованов, на Твитер објави дека Херсон е потопен, а ситуацијата е веројатно уште полоша на левиот брег на реките Днепар, кој е под контрола на Русија.


Слично

Поврзани вести