Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПОКАЛИПСА ВО ЈАПОНИЈА: Тајфун се претвори во тропско невреме, улици поплавени, луѓе евакуирани, има мртви

АПОКАЛИПСА ВО ЈАПОНИЈА: Тајфун се претвори во тропско невреме, улици поплавени, луѓе евакуирани, има мртви

Силниот ветер урна патишта и билборди, се скршил градежен кран, а штета е причинета и на казино во градот Кагошима во југозападна Јапонија

Најмалку едно лице загина, едно е исчезнато, а најмалку 60 луѓе се повредени откако тропска бура го погоди југозападниот дел на Јапонија и се упати кон север кон Токио, јавува АП.

Улиците беа преплавени со матна вода од реките, а многу домаќинства останаа без струја кога тајфунот Нанмадол вчера го погоди регионот Кјушу, потоа кога почна да се намалува силината на тајфунот стана тропска бура.

Еден човек е пронајден мртов рано утринава во неговиот автомобил, кој бил потопен во фарма, изјави локалниот функционер Јошихару Маеда од Мијаконоџи во префектурата Мијазаки.

Тој додаде дека едно лице се води како исчезнато откако одрон зафатил колиба.

Нанмадој дувал со брзина од 108 километри на час, со налети до 162 километри, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Десетици илјади луѓе ја поминаа ноќта во гимназии и други јавни институции за секој случај.

Меѓу 60-те повредени има и такви кои паднале бегајќи од дождот, а некои биле погодени од парчиња стакло, јавуваат јапонските медиуми.

Силниот ветер урна патишта и билборди, се скршил градежен кран, а штета е причинета и на казино во градот Кагошима во југозападна Јапонија.

Брзите возови и авиони не сообраќаа, а предупредувања беа издадени поради можни одрони и излевање на реки.

Се прогнозира дека бурата ќе го продолжи својот пат североисточно, преку главниот остров Хоншу, пред да стигне до Токио и североисточна Јапонија


Фото: МИА

Слично

Поврзани вести