АПЕЛИРААТ ДА НЕ СЕ КОРИСТАТ: ИКЕА повлекува нов производ од продавниците
Познатиот шветски бренд ИКЕА со нова објава ги замолува корисниците на нивните продукти да престанат со уптреба на огледала и да бараат негова замена.
Имено ИКЕА најави континуирано повлекување на одредени производи од програмата LETTAN за поправка, поради кршење на ѕидните прицврстувачи.
Компанијата апелира до сите клиенти кои имаат огледало LETTAN да престанат да го користат и да нарачаат замена на ѕидни носачи бесплатно.
Како што се наведува во соопштението, ИКЕА ги развива своите производи користејќи ригорозна програма за проценка на ризик и тестирање за да се осигура дека производите ги исполнуваат сите важечки закони и стандарди на пазарите каде што се продаваат. И покрај тоа, тие забележале дека некои од прицврстувачите што се користеле за закачување на огледалото LETTAN на ѕидот се кршат. Поради ова, се случувало некои огледала наеднаш да паднат.

Во јануари 2023 година, ИКЕА повлече одредени производи од програмата LETTAN за поправки поради кршење на ѕидните прицврстувачи. По дополнително детално истражување, како и дополнителни проверки со добавувачите, тие откриле дека неисправните ѕидни прицврстувачи биле во производство подолг временски период отколку што претходно знаеше ИКЕА.
„Бидејќи безбедноста на нашите клиенти е наш главен приоритет, ИКЕА одлучи да го продолжи повлекувањето за поправки како мерка на претпазливост“, се вели во соопштението.
Огледалата отповикани за поправка сега вклучуваат: сите огледала од програмот LETTAN со датум почнувајќи од 2105 година.
Огледала LETTAN со број на добавувач 21944, печат на датум до и вклучувајќи 2325 (ГГГГ) .
Печатот на датумот и бројот на добавувачот се наоѓаат на задната страна на огледалото LETTAN.

Фото: Принтскрин/Фејсбук
