Апел на таткото на пилотот кој беше заробен од припадници на ИД
Таткото на пилотот од Јордан Мааз ал – Касасбех кој припадниците на Исламската држава го заробија откако претходно успеаа да го соборат неговиот авион испратил апел за негово ослободување.
Тој го опишал својот син како „гостин меѓу браќата во сириската Исламска држава“ и ги повикал нејзините „домаќини да го третираат добро“, пренесува „BBC“.
Јордан рано денеска објави дека ќе ги вложи сите напори со цел да го спаси својот пилот кој беше заробен од групата Исламска држава во близина на градот Рака, во Сирија.
Авионот „Ф – 16“ кој бил во мисија на коалицијата над Сирија, според тврдењата на ИД бил соборен од страна на нејзините припадници со противавионска ракета, додека Вашингтон ја негира ваквата информација, без притоа да наведе која е причината за падот на леталото.
Со леталото пилотирал поручник од прва класа на јорданските воздухопловни сили, Мааз ал – Касасбех кој имал 26 години.
Ова е првиот изгубен авион на меѓународната коалиција откако отпочнаа со воздушни напади врз позиции на Исламската држава во Сирија и прво заробувае на пилот кој учествувал во оваа мисија.
Сунитските екстремисти од Исламската држава од овој немил настан се обидоа да направат огромна пропагандна победа, објавувајќи голем број фотографии со заробениот јордански пилот.
Слично
