Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антизападниот претседател Дутерте го менува името на Филипините

Антизападниот претседател Дутерте го менува името на Филипините

Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, започна кампања за промена на името на земјата која се простира на 7.000 острови на Пацификот и има околу 90 милиони жотели.

На антизападниот конзервативен лидер не му се допаѓа тоа што земјата го носи името на поранешниот колонизатор и шпански крал Филип II (1527-1598). Името постоело уште од откривањето на островите во 16 век.

Дутерте ја турка идејата земјата да се вика „Махарлика“, како што го нарекувале поранешниот диктатор Фернандо Маркос, а зборот може да се преведе како „Благородност“.

Идејата сепак во одредени кругови во главниот град Манила не е широко прифатена затоа што има и мислење дека земјата има многу поголеми од тоа како ќе се вика.

Дутерте пред да стане претседател во кампањата вети дека ќе ги егзекутира криминалците. Официјалните бројки броеја до 7.000 егзекуции а потоа евиденцијата запре и во меѓувреме односите со Западот беа нарушени поради сурово кршење на човековите права.


Слично

Поврзани вести