АНТИВАКСЕРСКА ПАРТИЈА ВЛЕЗЕ ВО ПАРЛАМЕНТОТ - неочекувано освои шест отсто од гласовите во Австрија
„Луѓе, слободи, основни права“ е името на новата политичка партија воп Австрија, која се противи на рестриктивните мерки против коронавирусот.
Таа партија неочекувано постигна успех на покраинските избори во Австрија и влезе во парламентот со повеќе од шест проценти од гласовите, покажуваат првите изборни резултати, пренесува Блумберг.
Инаку, Австрија постепено ги заострува здравствените мерки што ги воведе минатата пролет. Од октомври, само вакцинираните луѓе и оние кои го прележале вирусот ќе можат да ги посетуваат стадионите и салите за настани во Виена. Невакцинираните нема да можат дури и со негативен тест. Анкетата покажува дека половина од невакцинираните гласачи гласале за екстремно десничарската ФПО и една четвртина за МФГ, односно „Луѓше, слободи и основни права“.
Австрија, каде што нешто повеќе од 60 проценти од населението е целосно вакцинирано и е една од најбогатите земји во светот, напредува бавно со вакцинацијата.
Причината за ваквото слабо темпо на вакцинација, конзервативниот канцелар Себастијан Курц ја става на поддршката што ФПО им ја дава на движењата кои се сомневаат во постоењето на коронавирусот и веруваат во теории на заговор.
Слично
