Анти-селфи таблети за лечење на зависниците
Анти-селфи таблетите навистина постојат. Измислени се за лекување на луѓе кои се зависни од фотографирање селфи и објавување на социјалните мрежи.
Ако не може да мине ниту ден, без да не почувствувате потреба да направите селфи, сигурно имате релативно сериозен психолошки проблем. Aпчињата продава компанијата „Антиселфи Табс“ (AntiSelfieTabs), а доаѓаат во пакување од 36 таблети, кои чинат околу 20 евра.
- Анти-селфи таблетите може да ви ги олеснат симптомите на константно правење селфи. За жал, не постои лек кој во целост би ве излекувал од оваа навика, но барем оние кои ќе добијат кутија од овие таблети конечно би требало да ја сфатат пораката - пишува во описот на производот.
Слично
