Анти-ковид протест во притвор во САД, мерките станале неподносливи
Повеќе од 100 затвореници ја презедоа контролата над затворот во Сент Луис, палејќи ќелии и фрлајќи предмети од прозорците од четвртиот кат од зградата.
Немирите започнаа во раните утрински часови во казнено-поправниот дом и на органите за спроведување на законот им беа потребни повеќе од 7 часа да воспостават ред.
Еден офицер бил повреден додека противпожарните екипи брзале да ги изгаснат пожарите што ги започнале затворениците.
Висок службеник во Сент Луис рече дека 115-те осуденици кои протестираат се крајно насилни и непослушни.
Тој тврди дека насилниот инцидент е поттикнат од приговори дека затворениците имаат ограничувања наметнати поради пандемијата, што им забранува посета и прекинување на судските рочишта.
Слично
