Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анти-алкохолниот закон во Турција го загрозува винарството

Анти-алкохолниот закон во Турција го загрозува винарството
Сместен спроти митската Троја , Бозжада - малиот остров кој им пркоси на ветровите на Егејското Море, живее од антиката и за виното, пренесе БГНЕС.  Но,  најновиот закон наметнат од турската влада , го става во опасност неговото наследство , како и целото производство на вино во земјата. Во почетокот на септември гроздоберот е кон својот крај. Лани Мехмет Тана направи над 600 000 шишиња. Оваа година, сепак амбициите му се помали, а годината е просечна , предвидува лозарот. Откако законот беше изгласан, има пад во индустријата од 5 до 10% . Мехмед Тана , како и сите производители на турски вина се лути на законот - еден многу контроверзен текст усвоен во мај од страна на парламентот кој официјално во сила стапува од понеделник.Освен што ја забранува секоја реклама, забранува и продажба на алкохол на мало од 22 часот до 6 часот наутро и цело деноноќие во близина на училиштата и џамиите низ целата земја. Премиерот Реџеп Ердоган го оправда законот со барањата на јавното здравство . Неговите противници сепак го прифаќаат како дел од неговите напори „за реисламизацијата" на Турција. За време на антивладините демонстрации кои ја зафатија земјата во јуни , демонстрантите едногласно се изјаснија против законот. „Немаме право да правиме дегустации , да организираме настани околу нашето производство, лут е  Тана. Со овој закон комуникацијата станува невозможна, додава тој. Проблем е дури иинтернетот, а неговиот промотивен сајт веќе е црна страница . На островот сега се поставува прашања економската иднина. Заедно со туризмот, винарството е егзистенцијата за двете третини од 2400 жители. Малите производители не сакаат да го продаваат лозјето наследено од родителите, вели градоначалникот Мустафа Мутаи , член на мала опозициона партија . Жителите на островот сакаат и понатаму да произведуваат вино и ќе се борат за него, но тоа станува потешко посебно откако во 2002 година дојде на власт , Партијата на правдата и развојот на Ердоган која го зеде алкохолот на нишан и почна да го оданочува со високи такси. Цените на ракијата од 2004 година досега пораснале за 272 % , на пивото - за 218 % а виното  за 163 % - покажуваат податоците на регулаторното тело за алкохолот и тутунот ( TAPDK ) . Продажбата на алкохол донесе 3 милијарди турски лири ( 1,2 милијарди евра ) на државниот буџет во 2010 година и 4,6 милијарди ( 1,8 милијарди евра ) минатата година. За да го намали овој притисок владата го зголеми субвенциите за извозот на турските производители на вино , признаваат винарите , но овој гест е недоволен . „Премногу луѓе зависат од овој сектор“ , вели Мехмет Тана .
Слично

Поврзани вести