Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анонимуси тврдат дека хакирале десетици доверливи документи на српската Влада

Анонимуси тврдат дека хакирале десетици доверливи документи на српската Влада

Хакерската група Анонимуси објавија дека хакирале десетици доверливи документи на српската Влада.  На српскиот претседател Александар Вучиќ му порачаа дека е марионета на рускиот претседател Владимир Путин и дека со него не завршиле уште. 

Објавија и линк со доверливи документи од српската Владата.  Хакерската група Анонимуси пред почетокот на јануари извршила серија напади на веб-страниците на државните институции под заедничкиот хаштаг „опсербија“. 

Претходно објавуваа дека ги хакирале веб-страниците на Војската на Србија, НБС, потоа веб-страницата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и веб-страницата на Министерството за надворешни работи и БИА.

Тие го нарекоа српскиот претседател Вучиќ кукла на Путин и фашист. 

Слично

Поврзани вести