АНОНИМУСИ ПРОТИВ ИСИС: Хакерите уриваат терористички профили и крадат податоци
По нападите во париз мрежата на хакери „Анонимуси” денеска почнаа сајбер напади на Исламската држава.
Групата хакери кои некогаш се сметаа за сајбер-терористи, вчера и објави војна на ИСИС, а денеска покрена офанзива.
Тие срушија неколку интернет страници и украле важни информации. Хакирани се над 900 твитер профили, кои припаѓаат на потенцијални терористи.
Британскиот Индепедент, пишува дека од Анонимуси ги украле и сите информации за главниот шеф за регрутација на џихадистите во Европа, човекот кој ги испраќа младите на обука во Сирија.
„Не сакаме да ги споделуваме тие информации со јавноста, затоа што ние Анонимуси во минатото направивме неколку грешки, па бевме обвинети дека сме терористи. Но, вистина е дека имаме некои податоци од лични профили и детали за потенцијални екстремисти, дури и нивни куќни адреси.” – велат хакерите.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/v1ScP-p-l7Q[/embed] По нападите, терористите објавија и видео на кое им се закануваат на Анонимуси и ги советуваат своите приврзаници како да избегнат хакирање.