„Анонимуси“ објавија лични податоци на Трамп во Интернет
Меѓународната хакерска група „Анонимуси“ објавија на интернет лични податоци на учесникот во трката за кандидатурата на Републиканската партија за Белата куќа, пренесоа агенциите.
Хакерите пуштија видео во кое се наведуваат „вистинските“ цели на кандидатот за претседателската функција, со упатување на апликацијата „Pastebin“, каде е даден телефонскиот број и бројот на осигурување на американскиот милијардер.
Пред тоа „Анонимуси“ му објавија „тотална војна“ на Трамп и се подготвени да ја започнат на 1 април. Тие презедоа одговорност и за хакирање на говорната пошта на милијардерот-републиканец, и рекоа дека новите напади ќе стават крај на кампањата на еден од фаворитите за претседателската трка.
Слично
