Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анкета во ЕУ: Имигрантите се премногу!

Анкета во ЕУ: Имигрантите се премногу!

Значителен дел од жителите на голем број приемни земји во Европската унија се со мислење дека имигрантите се премногу.

Само 20% сметаат дека нивното присуство има позитивен ефект, покажуваат резултатите од социолошка анкета направена во 22 земји, пренесува Франс прес.

Особено во Франција и во Белгија, каде што беа извршени крвави џихадистички напади, односот кон мигрантите станува сомнителен.

Околу 65% од анкетираните во Италија, 60% во Белгија, 57% во Франција, 50% во Германија и 49% во Велика Британија се со мислење дека имигрантите се премногу. Само 20% од анкетираните, односно 35% во Велика Британија, 20% во Шпанија, 18% во Германија, 11% во Франција и Белгија и 10% во Италија го сметаат за позитивно присуство на имигрантите.

Анкетата е спроведена онлајн во 22 земји од 24 јуни до 8 јули, со учество на 16 040 луѓе кои се репрезентативен примерок за населението на возраст од 16 до 24 години.

Слично

Поврзани вести