Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА: Што мислат Американците за „неиспровоциран воен напад“ на САД врз Северна Кореја?

АНКЕТА: Што мислат Американците за „неиспровоциран воен напад“ на САД врз Северна Кореја?

67% од Американците се против извршувањето на „неиспровоциран воен напад“ на САД врз Северна Кореја. 

70% од анкетираните одговориле дека Северна Кореја претставува сериозна закана за САД.

Тие  веруваат дека со дипломатската криза со Пјонгјанг наскоро ќе се справат воени лидери, а не американскиот претседател Доналд Трамп, се гледа од резултатите од истражувањето на „Вашингтон пост“ и „Еј-Би-Си Њуз“. 

Анкетата е направена на примерок од 1.002 Американци, кои во периодот од 18 до 21 септември требало да одговорат на 20 прашања, кои се сведувале на тоа дали Трамп и неговата администрација се во состојба да предизвикаат можна воена конфронтација со Северна Кореја и да управуваат со земјата.

Повеќето Американци (72%) имаат доверба во способноста на воените раководители на САД дека можат да се справат на одоговорен начин со проблемот со Северна Кореја, а само 37% имаат доверба во раководењето на Трамп.

Слично

Поврзани вести