Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА: Дали Канаѓаните сакаат спојување со САД?

АНКЕТА: Дали Канаѓаните сакаат спојување со САД?

Мнозинството Канаѓани се противат нивната држава да стане дел од Соединетите Американски Држави(САД). 

Според истражувањето, 77 отсто одлучно или во извесна мера се противат нивната земја да стане дел од САД, додека 15 отсто се „за“. Ова се податоците од најновата анкета на ЈуГов.

Во САД, повеќе анкетирани гласачи на Трамп се за анексија на Канада, додека оние кои гласаа за демократската кандидатка Камала Харис се со поголема веројатност да се спротивстават на тоа.

Севкупно, 42 отсто од Американците се против спојување на двете земји, додека 36 отсто се „за“. И мал дел од жителите на Гренланд сакаат спојување со САД. Мнозинството се против. 

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска повторно повика Канада да стане американска држава. Tој воведе царини за стоки од Кина, Мексико и Канада, а и тие ќе му вратат со слични мерки. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести