Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анкета: Четириесет отсто од Британците сакаат напуштање на ЕУ

Анкета: Четириесет отсто од Британците сакаат напуштање на ЕУ

Напуштање на Велика Британија од ЕУ бараат четириесет проценти од Британците покажуваат денеска објавените резултати од анкетата, еден ден откако британскиот премиер Дејвид Камерон вети одржување референдум за членството на земјата во Унијата.

Истражувањето на интернет страницата YouGov, спроведено во неделата и понеделникот, ја потврди одамна постоечката желба на Британците да излезат од ЕУ.

Претходната анкета на сајтот, спроведена на 17 и 18 јануари, покажа дека 40 отсто од испитаниците биле „за“ останување на Велика Британија во ЕУ, додека 34 проценти се изјасниле против, што било првпат во последните две години.

Резултатите од анкетата, кои беа објавени вчера, ги натераа некои експерти да го критикуваат Камерон дека одбрал погрешен момент да вети одржување референдум кон крајот на 2017 година, доколку биде реизбран

Слично

Поврзани вести