Економија, финансии, бизнис

Контакт

Англиската BoE ја задржува својата каматна стапка

Англиската BoE ја задржува својата каматна стапка
Банка на Англија (BoE) денеска соопшти дека ја задржа постоечката каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,5 отсто. Покрај тоа, Комитетот на Банката за монетарна политика наведе дека обемот на програмата за квантитативно намалување, кој се спроведува со цел поттик на економски раст со купување државни обврзници, останува во износ од 375 ммилијарди фунти. На пазарите до неодамна се очекуваше Банката да најави нови стимулативни мерки, но надежите спласнаа откако во третиот квартал БДП неочекувано се зголеми за еден отсто благодарение на Олимписките игри, со што беше завршена 9-месечната рецесија
Слично

Поврзани вести