Англиската банка не се откажува: Ќе го испитува драстичниот пад на фунтата
Англиската банка започнува истрага за причините за драстичниот пад на фунтата во однос на доларот во текот на изминатата ноќ, кога за помалку од десет минути британската валута падна за 6%, достигнувајќи нов 31-годишен минимум.
Како најчести причини за падот властите наведуваат "печатна грешка" или компјутерски генерирана трговија, пишува британскиот весник The Guardian.
Падот продолжил околу четири минути при раната трговија на азиските пазари, зголемувајќи ги загубите кои фунтата ги претрпе порано поради гласините дека Велика Британија ја очекува тежок излез од ЕУ.
„Ќе ги разгледаме причините за падот во ноќта“, изјавија од банката.
Во петокот наутро фунтата падна за 6%, достигнувајќи до вредности од 1,1841 за долар, оставајќи ги трговците во недоумица за причината. Во еден момент од трговијата вредноста на британската валута падна за 10% до 1,1378 долари.
При отворањето на лондонските берзи валутата се тргуваше за 1,2430 долари, а подоцна се опорави до 1,2350 долари.
