АНГЛИЈА ИСТРАЖУВА НОВ СОЈ - сомнителни случаи во регионите Јоркшир и Хамбер
Во Обединетото Кралство во изминатите 24 часа 2.829 лица биле заразени со вирусот корона, објави Министерството за здравство на таа земја, пренесува Блиц.рс..
Според податоците на Министерството за здравство во Велика Британија, од почетокот на пандемијата досега 4.457.923 лица се заразени со вирусот корона. Во изминатиот ден, девет лица починаа од ковид 19, а бројот на смртни случаи се зголеми на 127.710.
Здравствената служба на Англија објави дека истражува нов вид на вирусот корона, бидејќи досега се регистрирани 49 случаи, претежно во регионите Јоркшир и Хамбер.
Германскиот институт за јавно здравје денес ги прогласи Велика Британија и Северна Ирска за „региони на вирусна варијанта“, барајќи од сите што влегуваат во земјата од Велика Британија да бидат во карантин две недели по пристигнувањето.
Случаи на загрижувачка варијанта на вирусот корона кои за прв пат беа откриени во Индија, продолжуваат да растат во Велика Британија, според Ројтерс.
„Ние сакаме да бидеме безбедни. Во оваа важна фаза од акцијата за вакцинација, мора да се избегне влегување на проблематични мутации што е можно повеќе“, рече извор од германската влада.
