Ангела Меркел повеќе нема да биде лидер на својата партија
Германската канцеларка Ангела Меркел нема да се кандидира на следните избори за лидер на својата партијата, објави самата таа по осумнаесет години на функција.
Одлуката доаѓа по вториот сериозен удар за коалицијата во рок од еден месец. Оваа недела Демохристијаните победија на изборите во покраината Хесен, но победата се покажа пирова. ХДЗ доби едвај 27% од гласовите во однос на цели 38.3% во 2013-та.
Коалицискиот партнер - Германската социјалдемократска партија (СДУ), исто така, освои само 19,8% во однос на 30,7% пред пет години.
Меркел во неколку наврати изјави дека лидерот на партијата и канцелар одат заедно.
Слично
