Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангела Меркел на мета на ИСИС

Ангела Меркел на мета на ИСИС

 Исламска држава објави фотографии на интернет повикувајќи ги германските муслимани да изведат напади како оние во Брисел, притоа укажувајќи на германската канцеларка Ангела Меркел и аеродромот во Келн – Бон.

Западна Европа е на висок степен на тревога откако минатата недела ИД изведе самоубиствени напади на аеродромот и на метро-страница во Брисел, убивајќи 35 лица и повредувајќи околу 300.

На фотографиите и графиките на ИД, објавени во германските медиуми, се гледаат слогани на германски јазик со кои се повикуваат муслиманите на насилство против „непријателите на Алах“.

Германската федерална полиција, БКА, која ги следни осомничените милитанти со германски пасоши кои се вратиле од Сирија и Ирак, соопшти дека знаеле за фотографиите, но оти нивното објавување на бара дополнителни мерки за безбедност.

– Знаевме за овие материјали и нашите експерти ги проверуваат. Јасно е дека Германија е во фокусот на меѓународниот тероризам и оти можно е да се случат напади, но тие материјали не ги сменија нашите безбедносни проценки – соопшти портпаролот на БКА.

Слично

Поврзани вести