Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангела Меркел е најмоќната жена на светот, но на листата се најде и Грета

Ангела Меркел е најмоќната жена на светот, но на листата се најде и Грета

На самиот врв на листата на Форбс оваа година, се нашла германската канцеларката Ангела Меркел и таа е најмоќна жена на светот. Секоја година списанието избира успешни жени кои дале голем придонес во сферата на политиката, бизнисот и забавата. 

Ова е деветти пат Меркел да се најде на првото место. Многумина ја фалат поради тоа што покажала голема храборст и челична волја кога на американскиот претседател, Доналд Трамп му кажала дека не се согласува со тоа да ги прати бегалците од Сирија во Германија.

На второ место е Кристин Лагард, претседателка на Централната европска банка, која минатата година била на 22-то место.

Трета е Ненси Пелоси, која станала првата жена која ја врши должноста претседателка на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Активистката од Шведска, Грета Тунберг моментално е личност на годината според списанието Тајм, а на листата на највлијателни жени на Форбс се наоѓа на 100-то место.

Слично

Поврзани вести