Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анџелина Џоли го критикуваше ОН: „Силувањето е воено оружје“

Анџелина Џоли го критикуваше ОН: „Силувањето е воено оружје“

Американската актерка Анџелина Џоли го критикуваше Советот за безбедност на Обединетите нации поради недоволната борба против сексуалното насилство за време на војните, осврнувајќи се посебно на состојбата во Сирија, јавува АП.

Силувањето е воено оружје, закана за безбедноста на луѓето. Борбата против сексуалното насилство е Ваша одговорност“, рекла Џоли пред амбасадорите, додавајќи дека тој ужас ќе продолжи доколку борбата против него не стане приоритет на Советот за безбедност.

Џоли потсетила дека „стотици илјади, дури и милиони“ жени, деца и мажи се жртви на силување за време на воените конфликти.

„Се знае што треба да се преземе, но недостига политичка волја... Кога владите не можат да реагираат, тоа треба да го направи Советот за безбедност на ОН“, кажала таа.

Американската актерка се појавила на состанокот откако во Јордан ги посетила бегалските кампови од Сирија.

Нејзиното присуство на седницата е соопштено пред самиот почеток на состанокот.

Експертите на ОН за човекови права велат дека има се повеќе докази за широко користење на сексуално насилство против жени, девојчиња и момчиња во сиријскиот конфликт.

Анџелина Џоли, амбасадорка на добра волја на Високиот комесаријат на ОН за бегалци, во март го посети Конго, каде што за време на граѓанската војна биле силувани голем број луѓе.

Слично

Поврзани вести