Анджеј Дуда смести бегалци во претседателските вили
Полскиот претседател Анджеј Дуда, на иницијатива на неговата сопруга Агата Корнхаузер-Дуда, украинските бегалци ги смести во две претседателски вили, изјави денеска шефот на кабинетот на Дуда, Адам Квјатковски, пренесува Der Spiegel. .
Покрај претседателската палата и палатата Белведере во Варшава, Дуда има на располагање уште четири официјални вили. Досега речиси милион луѓе пристигнале во Полска од Украина. Сопругата на претседателот, во наредните денови ќе ги посети бегалците.
Полската гранична пoлиција соопшти дека на повеќе од еден милион луѓе им било дозволено да ја преминат полската граница од Украина од почетокот на руската инвазија минатиот месец.
Слично
