АНАЛИТИЧАРИТЕ ВЕЛАТ: САД ќе ја нападне војската на Асад, се подготвува судбоносна битка за Сирија
Соопштението од Белата куќа дека војската на Башар Асад подготвува напад со хемиско оружје укажува на тоа дека неговата војска ќе биде на мета на САД.
Јуриј Зимин, научник соработник на Меѓународниот државен институт за меѓународни односи, вели дека соопштението на Вашингтон, е продолжување на стратегијата на САД да го обвини Асад за напад со хемиско оружје.
Сепак вели агресија на Сирија е спречена со извлекување на хемиското оружје со помош на САД и Русија.
„Мислам дека тогаш на тоа прашање беше ставена точка. Но, Америка сега продолжува по старо и бара начин да се вмеша во сириските работи, и да ја запре сириската војска која напредува и ги зајакнува позициите“ - вели тој.
Зимин смета дека е можно да има нова провокација од САД за што нема да има ниту истрага, ниту докази.
Верува дека Американците сакаат да го тргнат вниманието од фактот дека делови од Мосул уште се под контрола на терористи.
