Аналитичари: Зимата не им оди во прилог, а поради војната Русија е уназадена 50 години
Аналитичари велат дека зимата не му оди во прилог на рускиот претседател Владимир Путин, а поради војната Русија е уназадена 50 години.
Воениот аналитичар Маринко Огорец за хрватското радио кажа дека е многу тешко да се оцени што се случува во градовите Бахмут и Соледар. Вели дека нема релевантни информации, секоја од страните има податоци, а судирите и натаму трајат.
„Се чини дека околу тие градови се водат најжестоки борби. Дали тоа ќе се прошири во другите делови на Донбас, веројатно да во одреден момент. Во однос на динамиката на борбите ништо не се сменило, освен што оваа зима не оди во прилог на Русија. Не се оствари она што Русите очекуваа, дека ќе дојде до нов бегалски бран“, вели Огорец.
Aналитичарот Гордан Акрап вели дека оние градови кои Русија ги нападна во последните месеци, ниту имаат воено, ниту стратешко, ниту политичко значење. Смета дека Русите имаат големи загуби, а од друга страна Украинците вложуваат минимални напори за планирање на своите активности. Вели дека украинските позиции наскоро ќе бидат јасни за сите кои не ги препознаваат тие сигнали. Рече дека војна не се води со емоции, туку со рационалност, пишува Индекс.хр.
Огорец вели дека Русите имаат сериозни проблеми со раководењето, а со оваа војната Русија е уназадена 40 до 50 години. Кажа дека Русите имаат застарен облик на управување.
Постојат сомнежи дека и Белорусија може да се вмеша во војната.
