АМПУТАЦИИ ПРАВАТ БЕЗ АНЕСТЕЗИЈА: Aлармантно е во болниците во Газа
Aлармантно е во Појасот Газа. Ампутациите се вршат без анестезијa во болниците во Газа.
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека операциите, вклучително и ампутации, во Газа се вршат без анестезија поради критично ниските резерви.
Портпаролот рече дека најмалку 16 здравствени работници загинале од избувнувањето на војната.
„Повеќе од 16 здравствени работници загинаа додека ги чуваа повредените и болните“, изјави Кристијан Линдмајер.
Палестинското Министерство за здравство денеска информираше дека бројот на загинати во Појасот Газа од почетокот на војната се искачи на 10.328. Тоа е зголемување на повеќе од 300 жртви во однос на вчерашните 10.022 настрадани. Цел месец има воени дејствија откако палестинската терористичка група Хамас почна со напади на Израел.
