Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aмон: Европа треба да се подготви за втор бран

Aмон: Европа треба да се подготви за втор бран

Европа треба да се подготви за втор бран на пандемијата.

За ова сценарио предупреди денеска директорката на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Андреа Амон.

„Вирусот е околу нас, циркулира многу повеќе отколку во јануари и февруари”, вели таа. 

Објасни дека „85 до 90 проценти” од луѓето се изложени на вирусот.

Амон изјави дека само размислува како да се биде реален.

„Сега не е време за целосно опуштање”, додава таа.

Европа е најпогодениот континент од пандемијата со скоро два милиони заразени и повеќе од 170.000 смртни случаи.

Во светот вчера имаше најмногу заразени во еден ден од избивањето на пандемијата со Ковид - 19. 

Регистрирани се повеќе од 106.000 нови случаи на зараза со коронавирусот.

Кинеска лабораторија тврди дека лек може да има и оваа година.

Сани Кси, директор на универтатскиот центар за геномика изјави  дека еден лек се покажал успешен кај животните.

Слично

Поврзани вести