Американците во паника-Ќе ги купи Кина!
Кинеските компании купуваат странски, вклучувајќи ги и американските и тоа во рекорден број, а тоа ги излудува законодавците.
„Џенерал електрик“, наводно го продал својот бизнис со домашни апарати на кинескиот „ Haier“ за 5,4 милијарди долари, „Zoomlion“ја купил фирмата која се занимава со производство на опрема за кревање тешки терети „Терек корпорејшн“, конгломератот „Dalian Vanda“ го купил холивудското филмско студио „Легендари“ за 3,5 милијарди, а ХемЧајна ја купила швајцарската Сингента и за тоа платила речиси неверојатни 48 милијарди долари.
Додатно, поедноставениот конгломерат „HNA Grup“ неодамна најави преземање на компанијата за дистрибуција „Ingram Mikro“ за 6 милијарди долари.
Сепак, најпроблематична аквизиција досега претставува компанијата „Чокинг сасин ентерпрајс груп“ која сака да ја купи берзата во Чикаго.
Минатата недела 45 членови на американскиот Конгрес потпишале писмо петиција до одборот за странски инвестиции, чие одобрување е неопходно за заклучување на спогодбата, барајќи „детална и ригорозна истрага“ на аквизацијата на чикашката берза.
Законодавицте бараа да се стопира аквизацијата ако истрагата покаже дека купувачите се поврзани со кинеската влада и воени тела.
„Наместо придржување до правилата за отворен и слободен пазар, нивните перформанси се под влијание на доминацијата на кинеската влада на пазарите. Понатму, влдините манипулации со курсот уште се нерешлив проблем за владата на САД“, пишува во писмото.
Според податоците на консултантската куќа „Dealogic“ бројот на спојувања и аквизација оваа година се искачил на 102 трансакци со вкупна вредност од 81,6 милијарди долари.
Бизнис инсајдер пишува дека треба да се очкеува продолжување на овој тренд, што поради бавниот раст на кинеската економија, како последица на цените надвор од Кина, после распродажбата на акции на западните пазари на капитал која и понатаму е мрзелива.
„Поради бавниот економски раст кинеските корпорации се повеќе бараат неоргански начини за поттикнување на раст“, објаснил за Бизнис инсајдер Викас Сет, шеф на одделениоето за пазари во развој во Кредит свис.
Економскиот раст во Кина минатата година бил најнизок во последните 25 години.
